V-GUARD

Нарачај

V-Guard- ЦЕНОВНИК

Што е V-Guard? V-Guard е патентирано платно со антивирусни својства. Изработено е со користење на високоактивни антивирусни материјали преку специјални процеси на производство. Платното V-Guard ги оштетува слоевите од протеин и масти на вирусите што ќе дојдат во контакт со него и со тоа ги неутрализира. Платното е ефикасно против сите вируси, вклучително и против коронавирусот. Со тоа, нашите чаршафи за душеци и навлаки за перници V-Guard овозможуваат беспрекорна хигиена во вашата и во спалната соба на вашите деца.

Зошто ви треба V-Guard? Познато е дека вирусите можат да останат активни на површини или на честички одреден временски период. Постелата, местото каде што минуваме 1/3 од нашите животи, е обложена со текстилни производи. Токму текстилот е една од најпогодните површини, која обезбедува средина за размножување и ширење на вирусите. Антивирусните чаршафи и навлаки V-Guard го спречуваат токму тоа, делувајќи онака како што средствата за дезинфекција и сапунот влијаат на вирусите на рацете.

Колку време трае ефикасноста на производите V-Guard? Платното на чаршафи и навлаки V-Guard содржи високоактивни антивирусни материјали, чија цел е да ги сведат на минимум штетите што можат да ги нанесат вирусите и да обезбедат похигиенска и поздрава средина за спиење. Производите V-Guard остануваат 100% ефикасни до првите пет перења. По петтото перење, нивната ефикасност благо опаѓа.

Дали има докази за ефикасноста на V-Guard? Платното V-Guard е алтернативен немедицински текстилен производ со антивирусни својства, развиен од турската фирма BOYTEKS, лидер во индустријата за производство на платна за душеци. Платното V-Guard e тестирано во независната германска лабораторија Hohenstein, каде што беа направени тестирања во согласност со методот на тестирање на ISO 18184 (Посветеност на антивирусна активност на текстилните производи), Меѓународниот стандард за антивирусни тестови за текстилни производи. Платното V-Guard за антивирусната ефикасност беше оценето како „ЗНАЧИТЕЛНО ЕФИКАСНО“.

Каде можат да се најдат антивирусните производи V-Guard? Антивирусните чаршафи и навлаки V-Guard во нашата земја се достапни само во домашната компанија „Алмеро“. Чаршафите ги изработуваме на повеќе димензии, за сите видови кревети (единечни и брачни), а навлаките за перници се достапни на стандардните димензии од 50х70 cm.

Повеќе од 30 години сме посветени на производство на врвни производи и тоа го правиме и сега, правејќи ги достапни производите V-Guard, кои во овој период на пандемија знаеме дека на сите ни се потребни. За да бидеме сигурни дека сме направиле сè што можеме за да се заштитиме: ДА ЈА ОДРЖУВАМЕ СРЕДИНАТА ЗА СПИЕЊЕ ЗДРАВА И ДА ОСТАНЕМЕ ЗДРАВИ!