Almero BlueTech перницата е дизајнирана така да го одржува 'рбетот во оптимална положба, истовремено регулирајќи ја телесната топлина и обезбедувајќи пријатно чувство за време на спиењето. BlueTech е гел-перница направена за да Ви обезбеди целосна удобност и свежина за време на спиењето. Направена од високоеластична мемориска пена која совршено се прилагодува на обликот на главата и вратот, оваа перница Ви дава можност за удобен одмор со чувство на неверојатна релаксација.
Со BlueTech ќе уживате дури и во најтоплите ноќи, бидејќи слојот на иновативен гел ќе Ви овозможи да се опуштите со идеално чувство на свежина. Повеќе нема да имате потреба да ја вртите перницата во потрага на поладна површина. Cooling гелот го намалува ноќното потење, што значи дека навлаката на перницата ќе остане чиста и миризлива многу подолго.
Навлаката има патент што овозможува лесно отстранување и перење.