Нашата Историја | Душеци по Ваша мерка | Almero

2003

2003

Почеток на нашето патешествие

Компанијата Almero Mattress е основана во 2003 година со цел да воведе ново ниво на квалитет и модерен дизајн на производи за спиење на нашиот регион. Almero Mattress е прв и единствен производствен погон во Република С. Македонија, кој е специјализиран исклучиво за производство на душеци, кревети, наддушеци и перници.

Почеток на нашето патешествие

2005

2005

Растечки обем на производство

По 1,5 година успешна работа, во февруари 2005 година, обемот на производство се проширува во простории со вкупна површина од 1500 m2, бројот на вработени расте на 20 луѓе, а капацитетот на производство се зголемува на 85-90 душеци на ден.

Почеток на нашето патешествие

2006

2006

Зголемен капацитет на машини

Благодарение на успешната работа, во 2006 година Almero Mattress двојно го зголемува бројот на машини користејќи најсовремена технологија за изработка на душеци.

Almero Mattress континуирано се развива со секојдневно и будно следење на новитетите во областа на производство на душеци, како и во технологијата на машините.

Уште во првата година на работење, Алмеро зазема значајно место не само на македонскиот туку и на странски пазари.

Почеток на нашето патешествие

2009

2009

Препознаени меѓу најдобрите

Во 2009 година асортиманот на производи опфаќа 10 различни душеци. Со постојаното докажување во својот раст и развој, Almero Mattress ја утврдува својата позиција на пазарот на душеци меѓу првите десет фирми во државата.

Почеток на нашето патешествие

2015

2015

Растот на компанијата продолжува

Во 2015 година Almero Mattress веќе располага со вкупна површина од 4000 m2, тим од 45 вработени и капацитет на производство зголемен на 140-150 душеци на дневно ниво.

Почеток на нашето патешествие

2019

2019

Комплетни решенија за здрав сон

Во 2019 година Almero започнува со производство на кревети во нови простории од 2000 m2, што фирмата ја искачува на ново ниво и се создава можност за производство на комплетни решенија за здрав сон.

Почеток на нашето патешествие
2021

Лидери на пазарот

Денес Almero Mattress ја продолжува својата производствена дејност со најсовремена технологија која се користи во целосното линиско машинско производство. Тимот на Almero Mattress е составен од 80 посветени луѓе и асортиман од над 30 вида производи за спиење. Со ова Almero Mattress станува лидер на македонскиот пазар и зазема значајно место на светскиот пазар.

Almero Mattress располага со капацитет на производство за над 350 душеци на дневно ниво и поседува сертификат за дизајн на својата колекција на производи, кои се наменети да понудат поголем комфор во секојдневниот живот.

Зависно од развојните процеси и промени, континуирано секоја година го обновуваме производниот асортиман следејќи ги најновите и најсовремените трендови.

Нашиот Асортиман