Logo
  • Почетна
  • За нас
    Нашата приказна Историја
  • Производи
    Душеци Бебешки душеци Наддушеци Перници V-Guard Кревети
  • Контакт
  • Референти
  • MK
    EN

Нашата приказна | Kомплетен асортиман на производи за спиење | Almero

Almero Душеци

Со големо задоволство Ви го претставуваме брендот со комплетен асортиман за спиење Almero Mattress.

Фабричкиот комплекс, кој располага со најсовремена опрема за производство на душеци, перници, кревети и додатоци за спиење, ги изработува своите модели според најсовремените американски стандарди.

Историјат

Од најраните почетоци до денес

Дизајнирани и измислени во Америка, нашите комплексни системи за спиење се конкурентни на кој било светски пазар, било по квалитет и удобност или по издржливост.

Сите модели се внимателно создадени и повеќекратно тестирани, така што можеме да гарантираме здрав сон на долг временски период. Она што го издвојува Almero од конкуренцијата е квалитетот и карактеристиките на ткаенините што се користат за правење душеци, кревети, наддушеци и перници.

Најдобри природни материјали и најнови светски технологии за производство на душеци

За моделите на Almero се специјално изработени 3 вида на ткаенини со уникатни карактеристики, кои покрај терморегулациониот ефект нудат и здравствени придобивки.

Револуционерната технологија COOLER е создадена со цел да Ве разлади дури и во најжешките ноќи. Уникатната MAGNAREST ткаенина специјално изработена за душеците Almero Ви нуди магнетна терапија додека спиете, со одржување на позитивно магнетно поле на Вашето тело. Во време кога аерозагадувањето драстично го намалува квалитетот на животот, ткаенината TRIPLE FRESH обезбедува чист и свеж воздух во Вашата спална соба, додека Вие спиете мирно.

Your browser does not support the video tag.

Прв и единствен производствен погон за душеци во Република Северна Македонија

Брендот Almero веќе 30 години го одржува препознатливиот дизајн и гарантиран квалитет за долготраен и удобен душек на кој ќе можете да имате мирен и здрав сон.

Almero Mattress е прв и единствен производствен погон во Република Северна Македонија, кој е специјализиран само за производство на душеци, кревети, наддушеци и перници.

Широк асортиман на производи за спиење

Нудиме комплетен асортиман на производи за спиење, од душеци со различни карактеристики со или без пружини, душеци од латекс, од природни материјали со кокосови и камилски влакна до наддушеци и перници.

За идеално комплетирање, нудиме и широка палета на модели на кревети, кои покрај модерниот изглед, обезбедуваат и солидна и безбедна поддршка на Вашиот душек.

Испратете ни барање

Придружете ни се и Вие.
Бидете во тек со новостите.

Пријавете се за да бидете информарани за специјалните понуди и новостите од Almero Mattress.

Податоци за компанијата
  • Almero D.O.O
  • Илинденска бр. 99,
    Гостивар
Мапа на сајтот
  • Почетна
  • Наша приказна
  • Историја
  • Производи
  • Контакт
  • Референти
Корисни информации
  • Политика на приватност
  • Општи услови за купување
Следете нė
Контактирајте нė
  • +389 42 221 640

  • info@almero.com.mk

Ние се трудиме да бидеме што е можно попрецизни во описите на производите, прикажувањата на сликите и цените на самите производи, но не можеме да гарантираме дека сите информации се целосни и без грешки. Сите производи прикажани на страницата се дел од нашата понуда и тоа не подразбира дека се достапни во секое време. Достапноста на производите можете да ја проверите со повик на +389 42 221 640 или со испраќање на e-mail info@almero.com.mk.

©2020 www.almero.com.mk. Сите права се задржани.